Турција, образование

Високошколските институции во Турција нема да примаат студенти по француски јазик

Одлуката на Совет за високо образование на Турција не се однесува на активните катедри, и кај нив наставата ќе продолжи според постоечката програма

Selma Kasap  | 10.05.2018 - Обновена : 11.05.2018
Високошколските институции во Турција нема да примаат студенти по француски јазик

Ankara

АНКАРА (АА) - Канцеларијата на Совет за високо образование на Турција (YÖK) донесе одлука да се запре примањето на студенти на Kатедрите за француски јазик и книжевност и одделите за наставници по француски јазик во високошколските институции во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван официјален претставник на ЈОК, за АА изјави дека таквата одлука за високообразовните програми поврзани со францускиот јазик е донесена поради процентот на побарувачката за такви кадри и реципрочниот однос со Франција, која во ниту една високошколска институција нема отсек за туркологија или турски јазик и книжевност.

На високошколските институции во Турција во моментов постојат 19 катедри за француски јазик и книжевност или наставници по француски јазик кои имаат студенти и изведуваат настава, а постојат уште 16 катедри кои немаат студенти и на кои не се изведува настава.

Одлуката на Совет за високо образование на Турција не се однесува на активните катедри, и кај нив наставата ќе продолжи според постоечката програма.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın