Sinan Uslu
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес разговараше со иранскиот колега Хасан Рохани во врска со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за еднострано повлекување на САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор од Кабинетот на турскиот претседател за АА изјави дека Ердоган истакнал дека американското повлекување од договорот е погрешен потег.
Турскиот претседател, исто така, нагласил дека Турција го поддржува сочувувањето на меѓународниот договор кој беше постигнат пред три години под називот Заеднички акционен план.
На разговорот помеѓу Ердоган и Рохани станало збор и за билатералните прашања, и била изразена согласност за неопходноста од дополнителен развој на економската соработка.