наука и технологија

Холандија: Откриен нов начин на третман на остеоартритис

„Новиот третман на остеоартритис, неодамна прифатен во светот, користи интра-артикуларни инјекции со натриум хијалуронат за да го забави развивањето на остеоартритисот“, се вели во соопштението на компанијата.

Jeyhun Aliyev  | 03.07.2018 - Обновена : 04.07.2018
Холандија: Откриен нов начин на третман на остеоартритис АА/Архива

Ankara

АНКАРА (АА) - Холандската компанија „VSY Biotechnology“ денес објави дека развила нов начин на лекување на остеоартритис кој го подобрува квалитетот на животот на пациентите, без потреба од операција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Новиот третман на остеоартритис, неодамна прифатен во светот, користи интра-артикуларни инјекции со натриум хијалуронат за да го забави развивањето на остеоартритисот“, се вели во соопштението на компанијата.

„Целта на третманот е долгорочно подобрување на квалитетот на животот, без операција за замена на зглобови“, се додава.

Колената, колковите, зглобовите, прстите и спиналните прстени се меѓу најчестите места кои ги зафаќа ова заболување, проследено со голема болка.

Од „VSY Biotechnology“, исто така се нагласува на кој начин остеоартритисот влијае врз секојдневниот живот на пациентите, со потешкотии во движењето, искачувањето по скалила или стоењето подолг период.

„Мерките и тековните методи на третирање можат да ја забават прогресијата на остеоартритисот, што е почеста кај луѓето над 40-годишна возраст“, се вели во соопштението.

Новите интра-артикуларни инјекции, исто така, имаат за цел да ја задржат последната фаза на болеста, која може да бара протетски хируршки зафат.

„Само неколку компании во светот, од кои едната е „VSY Biotechnology“, можат да произведат интра-артикуларни инјекции на натриум хиалуронат“, се вели од компанијата.

„Како резултат на долгогодишни истражувања, линијата интра-артикуларни инјекции „Reviscon“, со меѓународни стандарди за квалитет, беше развиена од страна на истражувачите и на развојниот центар“, додава компанијата.

Палетата на производи на холандската компанија „VSY Biotechnology“ вклучува и интраокуларни леќи, вискоеластики, како и системи за инјектори и кертриџи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın