Satuk Buğra Kutlugün
30 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
КОЏАЕЛИ - Турските инжинери развија единствен био-сензор кој ќе го мониторира ефектот на анти канцерогените лекови врз пациентите, јавува Anadolu Agency (AA).
Автоматскиот „електро –хемиски” био-сензор беше развиен со помош на Научниот и технолошки истражувачки совет на Турција (TUBITAK), Информативниот безбедносен истражувачки центар (BILGEM) и Техничкиот универзитет Гебзе.
Обраќајки се на церемонијалното предавање, професорот на Техничкиот универзитет Гебзе, Халук Ѓоргун рече дека уредот е голем успех во историјата на Турција.
“Био- сензорот развиен од страна на турските инжинери може да го мониторира делувањето на анти-канцерогените лекови врз човековото тело како и било каква штета направена врз ДНК (на пациентот)”, изјави Ѓоргун.
Официјалниот преставник на БИЛГЕМ, професорот Хаџи Али Мантар, изјави за АА дека уредот може да изведе тековни електро-хемиски мерења, додавајќи дека „нема причина зошто турските инжинери не би развиле повеќе такви уреди.
Раководителот на проектот, Др.Јилдиз Улудаг, изјави за АА дека уредот е направен од тим на електро, машински, хемиски и софтверски инжинери.
„Уредот може да се користи на повеќе начини, како што се активности за истражување, развој и дијагностицирање на можни болести”, додаде Улудаг.