наука и технологија

Турција во Европа извезува детектори за мерење телесна температура

За разлика од термичките камери, детекторот мери и снима без компјутер, а исто така нема потреба луѓето што се во движење да застанат

Göksel Yıldırım  | 13.06.2020 - Обновена : 14.06.2020
Турција во Европа извезува детектори за мерење телесна температура

АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –

Турските детектори за скенирање телесна температура, изработени поради спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, Ковид-19, постигнаа успех во извозот во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Компанијата „Elektral AŞ“, која произведува автомати за заштитни маски кои се поставуваат на аеродроми, метро станици, почна да произведува и детектори за скенирање на телесната температура.

Ќоктен Динчсој, потпретседателот на Управниот одбор на компанијата „Elektral AŞ“ во изјавата за АА рече дека нивната компанија од 1978 година произведува национални високо-технолошки уреди.

Истакнувајќи дека во рамките на борбата против Ковид-19 произведуваат два вида уреди, Динчсој нагласи: „Овие уреди се за првпат произведени во Турција.“

Тој рече дека првиот уред е автоматот за заштитни маски, од каде што граѓаните може да се снабдат со маски и тоа бесплатно. А компанијата почнала да произведува и детектори за скенирање на телесна температура.

Според него, најважната карактеристика на овој уред е што ги содржи сите компоненти и додатоци за вршење на функцијата, и нема потреба од друг апарат.

Објаснувајќи дека термичките детектори ја мерат телесната температура на граѓаните, Динчсој рече дека доколку има лица со покажена температура апаратот алармира.

- Поекономични од сличните решенија -

Термичкиот детектор произведен од „Elektral AŞ“ нуди прецизно мерење на телесната температура од 800 различни точки.

Телесната температура на луѓето кој се во движење може да ја измери од далечина од 2-3 метри. Ако температурата е над нормалното ниво, апаратот алармира.

За разлика од термичките камери, детекторот мери и снима без компјутер, а исто така нема потреба луѓето што се во движење да застанат.

Детекторот е поекономичен од сличните решенија, лесно може да се користи на места како што се хотели, трговски центри, фабрики, аеродроми и метро станици.

Компанијата извезува метални безбедносни детектори во вид на рамка во речиси 60 земји. Детекторот за скенирање на температурата компанијата го интегрираше во двата различни модели на метални детектори и започна со производство.

Компанијата „Elektral AŞ“ успеа за кратко време да извезува детектори за скенирање на телесна температура во многу земји, меѓу кои се и Шпанија, Италија, Германија и Романија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.