Турција, наука и технологија

Турски професори дизајнираа робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19

Сместен на влезот од зградата, роботот ќе ја мери температурата на оние што сакаат да влезат и доколку температурата е висока, нема да дозволува вратите да се отворат. Доколку температурата е нормална, ќе им дава на гостите маски и дезинфекција

Fahri Aksüt  | 12.08.2020 - Обновена : 14.08.2020
Турски професори дизајнираа робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19

ОРДУ

Професори во турскиот црноморски регион Орду дизајнираа робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шест професори кои работат во Центарот за наука и уметност „Д-р М. Хилми Ѓулер“ во Орду, Турција, поврзан со Националното Министерство за образование, денеска соопштија дека развиле робот што мери температура, дава маски и средства за дезинфекција и ги контролира автоматските уреди.

Професорите кои се специјалисти за кодирање, софтвер, дизајн, механичка и електрична енергија, го дизајнираа роботот и го произведоа со 3Д принтер. Сместен на влезот од зградата, роботот ќе ја мери температурата на оние што сакаат да влезат и доколку температурата е висока, нема да дозволува вратите да се отворат. Доколку температурата е нормална, ќе им дава на гостите маски и дезинфекција.

Онур Бекјурек, директорот за образование во областа, изјави дека прототипот на роботот чини 1.000 долари.

„Веруваме дека оваа бројка ќе се спушти на 700 долари доколку започнеме со масовно производство“, рече тој, додавајќи дека роботот може да се користи во сите училишта и институции во Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.