Mümin Altaş
12 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Делегација на Агенција Анадолија (АА), предводена од претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, по повод 100-годишнината од основањето на агенцијата, во Анкара го посети комплексот „Антикабир“, мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Во придружба на Казанџи беа потпретседателот на Управниот одбор, Мухамет Салих Демиркан, членовите на Управниот одбор на АА, Али Туркер Пиртини, Бахадир Сарачгил, Шабан Кизилдаг, заменик-генералниот директор и главен и одговорен уредник Метин Мутаноглу, заменик-генералниот директор Мустафа Озкаја и уредници на АА.
Казанџи во мавзолејот положи венец од црвени и бели каранфили со името на агенцијата, по што е одржан едноминутен молк.
Делегацијата по посетата на мавзолејот ја посети и кулата Мисакимили, каде што Казанџи се потпиша во книгата, порачувајќи:
„Агенција Анадолија, која ја основавте во периодот на Ослободителната војна и основањето на Републиката со цел пренесување на гласот на борбата на турскиот народ за независност, ја слави 100-годишнината. АА, своето патување кое го започна под испуканите куршуми, продолжува како глобална новинска агенција на Турција. Агенција Анадолија, со своите 86 канцеларии во Турција и 41 канцеларија низ светот, објавувајќи содржини на 13 јазици, продолжува да биде гласот на угнетените во светот. Ќе продолжиме да ја извршуваме оваа должност која ја презедовме пред стотина години сѐ додека постои Република Турција. Во оваа пригода, сакаме да им оддадеме почест на сите шехиди.“