Abdullah Yasin Güler
12 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција, на јужниот планински регион Аманос започна голема антитерористичка операција „Молња-5 Аманос“, со учество на 1.448 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на МВР на Турција е наведено дека со цел неутрализирање на терористите на ПКК од регионот е започната операцијата „Молња-5“ на подрачјето на турскиот град Хатај.
Се истакнува дека во операцијата учествуваат командоси на турската жандармерија, специјални единици на жандармеријата (JOH), специјални единици на полицијата (POH) и вкупно 1.448 припадници на безбедносните сили.
Во антитерористичките операции под називот „Молња“ од јули се неутрализирани 15 терористи, уништени се 30 засолништа и запленето е големо количество вооружување и муниција.
Во соопштението се наведува дека низата операции „Молња“, кои се започнати со цел неутрализација на терористичката закана на ПКК во границите на таа земја, се реализираат одлучно со поддршка на турскиот народ.
Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција е посилна од било кога и дека со помош на антитерористичките операции ќе одговори на оние кои се обидуваат да ѝ наштетат користејќи и поддржувајќи го тероризмот.