Erdoğan Çağatay Zontur
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
АНКАРА
Турски истражувачи наредната недела ќе ги испитуваат меторитите собрани за време на експедицијата на Антарктикот во НАСА, јавува Anadolu Agency (AA).
Вонредниот професот на Универзитетот „Кириккале“ во Турција, Мехмет Јешилташ, за АА изјави дека три метеорити ќе бидат испитани во вселенскиот центар „Џонсон“.
„Прво ќе подготвиме неколку примероци со намалување на метеоритите во соодветни услови и со вистински техники“, изјави Јешилштал, додавајќи: „Со испитувањето на овие примероци под микроскоп, ќе го одредиме типот на метеоритите и ќе демонстрираме некои молекуларни својства.“
„По испитувањето на типот на метеоритите, ќе им дадеме официјални и постојани имиња и ќе аплицираме за регистрација во меѓународната база на метеорити.“
Претходно во февруари, турски тим замина на Антарктикот како дел од истражувачка експедиција, минувајќи 30 дена на ледениот континент.
За време на експедицијата, Anadolu Agency ги следеше научните истражувања на тимот на Антарктикот.
Во април 2016 година, првиот Турски истражувачки тим во кој беа вклучени лекари, ботаничари, геолози и океанографи од седум универзитети - отпатуваа за Антарктикот за да го проучат влијанието на климатските промени.
Антарктикот, најстудениот континент на земјата, по потпишувањето на Договорот во 1959 година служи како зона за научни истражувања.