Турција, наука и технологија, Коронавирус

Со првата турска вакцина против Ковид-19, „Турковак“, научните информации се трансформирани во технологија

„Како земја постигнавме голем успех, особено во одбранбената индустрија. Продолжуваме со исто голема концентрација и во областа на здравството...“

Hatice Şenses Kurukız  | 29.06.2021 - Обновена : 30.06.2021
Со првата турска вакцина против Ковид-19, „Турковак“, научните информации се трансформирани во технологија

ИСТАНБУЛ (АА) - ХАТИЏЕ ШЕНСЕС -

Претседателот на Управата на здравствени институти на Турција (TÜSEB), проф. д-р Ерхан Акдоган, истакна дека е многу важно да се постигне научно знаење и да се претвори во технологија, особено познавањата за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вакцината против Ковид-19 „Турковак“ , развиена во соработка со Универзитетот „Ерчијес“, Министерството за здравство и Управата на здравствени институти на Турција (TÜSEB), се администрира кај доброволци во рамките на третата фаза од студијата.

Студиите за вакцини, кои се клучни во борбата против епидемијата уште од првиот ден на прогласување на пандемијата, извршени се со координација и поддршка на Министерството за здравство на Турција и ТУСЕБ.

Научната инфраструктура, технологијата и секој чекор од фазата на истражување и развој до крајниот производ на првата турска вакцина „Турковак“ против Ковид-19 ѝ припаѓа на Турција, а вакцината е развиена со научна и финансиска поддршка на ТУСЕБ и посветена работа на многу засегнати страни и научници.

- „Работата во фаза 3 ќе продолжи со 40.800 доброволци“ -

Проф. д-р Акдоган, во изјавата за новинарот на АА истакна дека за студиите во рамките на третата фаза од вакцината пријавени се 900.000 граѓани доброволци. Од нив, наведените медицински критериуми ги исполнуваат 40.822 доброволци.

Наведувајќи дека ТУСЕБ со процесот на Ковид-19 во март минатата година започнал првенствено да финансира и поддржува проекти за вакцинирање, Акдоган рече дека во моментов се поддржани 7 проекти и дека процесот продолжува.

Тој, исто така, нагласи дека ТУСЕБ има многу активна улога во воспоставувањето центри за дијагностицирање на Ковид-19 и дека тест-процесите продолжуваат во 20 центри за дијагностицирање на Ковид-19 со повеќе од 400 вработени лица.

- Студијата ќе се спроведе во 30 центри -

Проф. д-р Ерхан Акдоган, наведувајќи дека студијата ќе продолжи во 30 центри и дека координатор на клиничкото истражување е проф д-р Серхат Унал од Универзитетот „Хаџетепе“, рече:

„Се разбира, постои прелиминарен процес за ова. Можеме да кажеме дека оваа студија започна со одобрување од Турската агенција за лекови и медицински помагала и на нашето Министерство за здравство. Покрај тоа, третата фаза од студиите ќе биде извршена во странство. Би сакал да кажам дека третата фаза може да се спроведе и во Азербејџан, Киргистан и Пакистан.“

Акдоган рече дека продолжуваат преговорите со некои земји на оваа тема.

„Произведувањето научно знаење и неговото трансформирање во технологија е многу важно. Во овој процес, ние, како научници, ја имаме следната дефиниција; денешната наука ќе биде утрешна технологија. Затоа, мора да кажеме дека ова научно знаење во контекст на Ковид-19 сега го претворивме во технологија.“

Нагласувајќи дека процесот продолжува во координација на институциите, Акдоган рече: „Значи, достигнавме технологија и јас сум среќен и горд што ја давам оваа добра вест за нашиот народ.“

- „Со голема надеж гледаме кон иднината“ -

„Како земја постигнавме голем успех, особено во одбранбената индустрија. Продолжуваме со исто голема концентрација и во областа на здравството. Во овој момент, ние немаме никакви проблеми во однос на научното знаење во Турција. Имаме многу силен здравствен екосистем“, рече проф. д-р Акдоган.

Посочувајќи дека градските и универзитетските болници се голема моќ за клиничките истражувања, Акдоган додаде:

„Нашите универзитети се голема моќ во спроведувањето на биотехнолошките истражувања и ние сме на многу добар пат во смисла на нивно правилно финансирање и дејствување во рамките на стратегијата. Брзо ја прошируваме и оваа област. Значи, следниот чекор на ова е технологијата. Затоа, со голема надеж гледаме кон иднината. Во овој момент, утврдени се многу сериозни стратешки патокази. Во овој момент, ние ја продолжуваме нашата работа.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.