Emre Gürkan Abay
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
МОСКВА (АА) - Вселенското летало од руско производство и хуманоидниот робот пристигнаа во Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската федерална агенција за вселенски истражувања (ROSCOSMOS) соопшти дека капсулата во која се наоѓале храна, лекови, опрема и хуманоидниот робот „Skybot F-850“ пристигнала во Меѓународната вселенска станица.
Претседателот на РОСКОСМОС, Дмитри Рогозин, рече дека се планира роботот по извршувањето на мисијата да се врати на Земјата на 7 септември.
Капсулата во којашто се наоѓаше хуманоидниот робот, популарно наречен ФЕДОР, произведен со цел да се користи во ситуации опасни за луѓето, од космодромот „Бајконур“ во Казахстан беше лансирана на 22 август.
Првиот обид за застанување на Меѓународната вселенска станица бил неуспешен поради проблеми во системот.