Ekipa
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Астрономите открија дека елементите што ги сочинуваат планетите во Сончевиот систем се состојат од остатоци на честички од згаснати ѕвезди, јавува Anadolu Agency (AA).
Студијата објавена во списанието „Нејчар Астрономи“ покажува дека реакцијата којашто настанува при нуклеарната фузија меѓу протоните и крајно тешкиот кислороден изотоп кислород – 17 кај згаснатите асимптоматски џиновски ѕвезди – познати и како „црвени џуџиња“, кои се оладени, но сѐ уште емитуваат ниско ниво на енергија – е двапати поголема од претпоставуваната.
Научниците кои преку експерименти ги набљудуваа реакциите на нуклеарната фузија во Подземната лабораторија за нуклеарна астрофизика во Италија, утврдија дека честата реакција којашто произлегува при нуклеарната фузија кај црвените џуџиња го објаснува формирањето на честичките што се наоѓаат меѓу остатоците од старите распаднати метеори.
„Големо е задоволството од откривањето на мистеријата за честичките на ѕвездената прашина, кои се од клучно значење. Нашата студија уште еднаш покажа колку е значајно правилното мерење на нуклеарната реакција што се случува во ѕвездите“, изјави астрономката Мариалуиза Алиот од Универзитетот во Единбург.
Познато е дека асимптоматските џиновски ѕвезди се 6 пати поголеми, а 1.000 пати посветли од Сонцето.
Јадрата на остарените црвени џуџиња се прошируваат и тие своите надворешни слоеви ги лансираат во вселената. Подоцна, овие слоеви доаѓаат во својство на меѓуѕвездени облаци од гас и прашина, при што се формираат нови ѕвезди, кои пак ги сочинуваат небесните тела, коишто формираат планета.
Голем дел од честичките што се одвојуваат од црвените џуџиња се губат во процесот на формирањето на планетите.
Елементите кои беа испитувани во студијата се пронајдени во метеорите што се судрија со планетата Земја.
Досега се знаеше дека камењата што ја сочинуваат структурата на Сончевиот систем доаѓаат од асимптоматските џиновски ѕвезди, додека пак во врска со структурата на честичките постоеја различни теории.