наука и технологија

Ракетата Старшип на Спејс икс оствари најдолг лет во третото пробно лансирање

Третиот обид на компанијата Спејс икс да ја лансира Старшип резултираше со најдолгиот лет на ракетата досега

Ayşe Doğru  | 15.03.2024 - Обновена : 18.03.2024
Ракетата Старшип на Спејс икс оствари најдолг лет во третото пробно лансирање

ЊУЈОРК (АА) – Американската компанија Спејс икс (SpaceX) денес од својата база Старбејс во Бока Чика, Тексас, го изведе третото пробно лансирање на прототипот на Старшип, најголемата и најмоќната ракета во историјата првпат влезе во орбитата, пренесува Анадолу.

Третиот обид на компанијата Спејс икс да ја лансира Старшип резултираше со најдолгиот лет на ракетата досега.

Околу три минути по лансирањето првиот дел од ракетата Супер Хеви успешно се одвои од Старшип и падна во морето во Мексиканскиот Залив.

Старшип првпат успеа да влезе во орбитата со успешно активирање на своите шест мотори Раптор во втората фаза од пробниот лет.

Во 49. минута од летот изгубена е сигналната врска при повторното влегување на ракетата во атмосферата.

Се очекуваше ракетата да слета во Индискиот Океан, но се претпоставува дека експлодирала при повторното влегување во атмосферата.

Спејс икс планира да го користи Старшип како своја прва ракета за праќање луѓе и товар на Месечината и пошироко, со цел на крајот да прати екипаж на Марс.

Старшип од нерѓосувачки челик и неговата ракета Супер Хеви се предвидени за повеќекратна употреба, а компанијата има договор со НАСА да ги користи за програмата Артемис, која има цел да прати луѓе на Месечината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.