Emel Öz Gözellik
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Американската компанија којашто се занимава со изработка на вселенски летала и со вселенски летови „SpaceX“, лансираше сателит за опсервација „Saocom-1A“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на „SpaceX“ се наведува дека успешно е лансиран сателит на Аргентинската вселенска агенција, од воздухопловната база „Ванденберг“, во Калифорнија, САД, и тоа со ракетата „Falcon 9“.
Сателитот „Saocom-1A“ 12 минути по полетувањето се смести во орбитата.
Тој поседува радар што ќе се користи за собирање информации, со цел адекватно да се одговори на итни ситуации во текот на природните непогоди.