Amina Zorniç
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Истражувачите од Колеџ Универзитетот во Лондон, тврдат дека на прехрамбените навики на децата не влијаат родителите, туку гените, пренесува Anadolu Agency (AA).
Авторката на студијата, Андреа Смит, истакнува дека истражувањето покажало оти родителите често се обвинуваат себеси кога не се во состојба да го „ натераат” детето да јаде. Таа потсети дека некои деца повеќе сакаат да јадат месо, додека одбиваат да јадат зеленчук и обратно.
Сознанијата дека прехрамбените навики на детето немаат поврзаност со родителите туку со вроденоста Смит ги смета за добри вести.
Според неа, родителите треба да работат со децата во смисла на што порано навикнување на различни вкусови на храна и сами да ги пуштат да одберат она што најмногу им се допаѓа.
„Децата не треба да се присилуваат да го јадат она што не го сакаат. Во просек, на детето треба одреден вид на храна да му се понуди 15 пати, што е доволно тоа да одреди дали сака да го јаде тоа или не”, вели Смит додавајќи дека гените имаат клучна улога.
Лекарскиот тим кој своето истражување го објави во списанието „Детска психологија и психијатрија”, тврди дека детето веќе од 16 месеци, врз основа на гените, веќе го има својот „концепт на храна” која сака да ја јаде.