Ekipa
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ТОКИО (АА) - Корпорацијата „Тојота мотор“ повлекува 340.000 хибридни возила од моделот „Приус“. Компанијата денес објави дека поради проблеми со сопирачките повлекува 212.000 возила од Јапонија и 94.000 од Северна Америка, 17.000 од Европа и останатиот дел од Австралија и од другите региони, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тојота“ призна дека ги добила извештаите за сообраќајни незгоди, повреди и смртни случаи предизвикани од дефектот на рачната сопирачка. Но, јапонскиот производител не сакаше да изнесе повеќе детали, бидејќи, како што рекоа, сè уште ги проучуваат извештаите.
„Тојота“ наведува дека сајлата од рачната сопирачка може неочекувано да се одвои, што предизвикува сопирачките да не можат правилно да го запрат возилото. Ако се случи возачот да го остави автомобилот паркиран во лер, може да се случи автомобилот да се придвижи и да предизвика судир.
Автомобилите од моделот „Приус“, кои го имаат овој проблем, произведени се во периодот од август 2015 до октомври 2016 година.