Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Научниците сметаат дека е можно да постојат многу поволни услови за живот на планетата Proxima Centauri b, која е најблиската вонсончева планета (егзопланета) на Земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави списанието „LiveScience“, врз основа на анализирањето на климатските промени на Земјата, изработени се слични компјутерски анализи, при што научниците дојшле до заклучок дека на површината на планетата Proxima Centauri b, откриена во 2016 година, поради многу различни услови, можно е да се открие големо количество вода во течна состојба, поради што постојат можности планетата да биде домаќин и на голем број живи организми.
Научниците изработија симулација на 18 различни сценарија, поставувајќи џиновски континенти, тенки атмосфери, различни атмосферски компоненти и промени на количествата на сол во морињата. Во речиси секој работен модел, на некои делови од планетата Proxima Centauri b, постоеше барем еден океан.
Ентони дел Џенио, научникот од Институтот за вселенски студии „Годард“ при Национална администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА), рече дека е голема веројатноста за живот на вонсончевата планета.
Proxima Centauri b, која е дел од ѕвездата џуџе Proxima Centauri, од Сонцето се наоѓа на оддалеченост од 4,2 сончеви години. Од аспект на оддалеченоста на планетата од ѕвездата, научниците сметаат дека оваа планета се наоѓа на позиција која е погодна за живот.