наука и технологија

Новите телефони на „Хуавеи“ нема да содржат апликации на Гугл

Гугл потврди дека ќе се спроведат санкции кон „Хуавеи“ и дека новите модели на паметните телефони на оваа кинеска компанија нема да содржат апликации на Гугл, меѓу кои и Гугл мапс и Јутуб

Tolga Yanık  | 29.08.2019 - Обновена : 31.08.2019
Новите телефони на „Хуавеи“ нема да содржат апликации на Гугл

ИСТАНБУЛ (АА) - Новите модели на паметните телефони на „Хуавеи“ (Huawei) нема да содржат апликации и услуги на Гугл (Google), пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на „Би-би-си“, во рамки на санкциите на Владата на Соединетите Американски Држави (САД) кон „Хуавеи“, Гугл потврди дека ќе се спроведат санкции кон „Хуавеи“ и дека новите модели на паметните телефони на оваа кинеска компанија нема да содржат апликации на Гугл, меѓу кои и Гугл мапс (Google Maps) и Јутуб (YouTube).

Со оваа одлука, ќе се ограничи пристапот на Гугл плеј (Google Play) од новите модели на „Хуавеи“.

Американските власти донесоа различни ограничувања за американските технолошки компании, во чии рамки со една регулатива во мај ја ограничи продажбата на производи и услуги за „Хуавеи“.

Иако претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец истакна дека ќе има исклучоци во овие санкции, надлежните органи на САД не дадоа позитивен одговор за над 130 барања на „Хуавеи“ во врска со трговска лиценца.

Од друга страна, од „Хуавеи“ претходно соопштија дека доколку американските власти дадат дозвола, тие како компанија ќе продолжат да ја користат платформата Андроид на Гугл, во спротивно ќе продолжат да ги развиваат своите оперативни системи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın