Nilay Kar
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
АДАНА (АА) - Три нови технолошко-иновативни центри се отвораат во западна и јужна Турција, со цел поддршка на турското производство од областа на високата технологија.
„Планираме овие центри да почнат со функционирање до крајот на 2020 година“, изјави Кадир Ајдин, генерален директор на технолошката зона „Чукурова“, во јужната турска област Адана, за Anadolu Agency (AA).
И турските и сириските инвеститори ќе можат да имаат корист од информациите, технологијата и консултантските услуги на овие центри, кои ќе бидат финансирани од ЕУ.
„Турското Министерство за индустрија и технологија има за цел да го зголеми бројот на центри за истражување и развој низ цела Турција“, истакна Ајдин, додавајќи дека најновите центри што треба да се отворат во Измир, Адана и Мерсин претставуваат пилот-проекти од големо значење за Министерството.
Претприемачите со иновативни идеи ќе можат да ги користат капацитетите на центрите, како и фабриките.
„Компаниите, исто така, можат да бараат нови производи или технологии од центрите“, рече Ајдин.
Како дел од националната иницијатива за технологии во Турција, ваквите центри, вклучително и технолошките паркови, играат значајна улога во зголемувањето на технолошките можности и иновации.
Со само два во 2001 година, бројот на технолошките паркови во Турција се зголеми на 84 во 54 области низ Турција.
Технолошките паркови ги собираат на едно место претприемачите, истражувачите и академската фела со цел поддршка на високотехнолошкото производство на земјата.