Riyaz Ul Khaliq
22 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Кина соопшти дека нејзината новоизградена ракета извршила успешен лет кон вселената со пет сателити, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сметано како голем напредок во Проектот за вселенска програма на Кина, се вели дека новата ракета од 356 тони од серијата „Лонг Марч“ до 2025 година и до 2035 година ќе стане 10 пати повеќе употребена, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.
Сателитите беа лансирани од кинеската тропска островска пoкраина Хаинан во јужниот дел на земјата.
Дизајнерите на ракетата „Лонг Maрч-8“ истакнуваат дека новата ракета може да пренесе тежина од три до четири и пол тони до синхроната орбита на Сонцето.
Ракетата е долга 50,3 метри, основното јадро е со дијаметар од 3,35 метри и има два странични бустери со дијаметар од 2,25 метри.
Кинеската академија за технологија на возилата, подружница на државната Корпорацијата за вселенски науки и технологија на Кина, го дизајнираше новиот модел на серијата „Лонг Марч“.
Кина досега лансираше над 350 ракети од оваа автохтоно изградена серија „Лонг Марч“.
„Успешниот прв лет на Лонг Марч-8 значи многу за напорите на Кина да се изгради себеси во вселенска сила, бидејќи тоа силно ќе го поттикне надградувањето на кинеските постројки за лансирање од среден обем, и ќе го води развојот на сателитите на земјата во средната и ниска орбита и ќе ги исполни потребите за лансирање за овие летала“, рече одговорниот командант Шиао Генг.
Кина годинава планира да ја инаугурира својата голема модуларна вселенска станица што ќе биде поставена во ниската орбита. Таа ќе биде приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно колку големината на неактивната вселенска станица „Мир“.
Кинеските инженери ќе користат големи ракети „Лонг Марч-5Б“ за лансирање на модулите од вселенската станица.
Новиот модел „Лонг Марч-8“ е наречен како кинеската верзија на „Спејс екс“, Фалкон 9, поради потенцијалот за повеќекратно користење.