Nur Asena Ertürk
08 Октомври 2024•Ажурирај: 09 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за физика за 2024 година им е доделена на Џон Џ. Хопфилд и Џефри Е. Хинтон, јавува Анадолу.
Тие беа наградени за „темелните откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со вештачки невронски мрежи“, објави денес Кралската шведска академија на науките.
„Џон Хопфилд креираше асоцијативна меморија која може да складира и реконструира слики и други видови обрасци во податоци. Џефри Хинтон пронајде метод што може автономно да ги најде својствата во податоците и така да извршува задачи како што е идентификување на одредени елементи во сликите“, истакнаа од Академијата.