Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Октомври 2022•Ажурирај: 05 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за физика за 2022 година им е доделена на францускиот физичар Алаин Аспект, американскиот теоретски и експериментален физичар Џон Ф. Клаузер и на австрискиот квантен физичар Антон Цајлингер за нивната работа на полето на квантната механика, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во шведската Кралска академија на науките беше објавено дека наградата е доделена на тројца научници за нивните „експерименти со заплеткани фотони, демонстрација на искривувањата на нееднаквостите на Бел и нивната пионерска работа во квантната информатичка наука“.
Со овие револуционерни експерименти, Аспект, Клаузер и Цајлинген го демонстрираат потенцијалот за контрола и испитување на заплетканите честички, се вели во соопштението.
Нобеловата награда за физика и во 2021 година им беше доделена на тројца научници, и тоа на јапонскиот метеоролог и климатолог Сјукуро Манабе, германскиот океанограф и климатски моделар Клаус Хаселман и на италијанскиот теоретски физичар Џорџо Паризи.
Од 1901 година, наградата се доделува заедно со Нобеловата награда за физиологија или медицина, хемија, литература, економија и мир.