Најголемата пајажина во светот откриена на грчко-албанската граница
„Мрежата се протега околу 350 метри по ѕидот на тесен, низок тунел во близина на влезот во пештерата. Истражувачите забележале дека станува збор за мозаик од илјадници индивидуални мрежи во облик на инка...“
ТИРАНА (АА) - Важно и извонредно откритие го изненади научниот свет, најголемата пајажина во светот е пронајдена во сулфурна пештера на границата меѓу Албанија и Грција, во селото Сарантапоро, пренесува Анадолу.
Истражувачите откриле над 111.000 пајаци и дека „масивната колонија пајаци се состои од колосална мрежа во темен пештерски тунел“.
„Џиновска колонијална пајажина во сулфурна пештера на границата меѓу Грција и Албанија можеби е најголемата што е пронајдена досега“, се наведува во статиите објавени за предметниот случај.
Студијата, објавена во списанието „Subterranean Biology“, забележува дека масивната колонија пајаци се состои од колосална мрежа во темна област на пештерата.
„Мрежата се протега околу 350 метри по ѕидот на тесен, низок тунел во близина на влезот во пештерата. Истражувачите забележале дека станува збор за мозаик од илјадници индивидуални мрежи во облик на инка. Ова е прв доказ за колонијално однесување кај два вообичаени вида пајаци и веројатно претставува најголема пајажина во светот“, се наведува, меѓу другото.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
