наука и технологија

Најголемата опсерваторија во Турција започнува со работа во 2021 година

Опсерваторијата ќе биде втор по големина центар за набљудување на вселената во Европа, и прв што ќе врши инфрацрвена опсервација во Турција

Erdoğan Çağatay Zontur  | 15.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Најголемата опсерваторија во Турција започнува со работа во 2021 година

ЕРЗУРУМ (АА) - Опсерваторијата во источна Турција ќе го прими првиот зрак светлина од вселената до крајот на 2021 година.

„Изградбата на Источно-анадолската опсерваторија (DAG), која се одвива само пет месеци во годината поради суровите зимски услови, е речиси завршена“, изјави директорот Џахит Јешилапрак за Агенцијата Анадолија (АА).

Опсерваторијата се наоѓа на надморска височина од 3.170 метри на врвот Каракаја, близу селото Конакли во источната област Ерзурум.

Изградбата на објектот започна во 2012 година со поддршка на турското Претседателство и Астрофизичкиот истражувачки центар при Универзитетот „Ататурк“ во Ерзурум.

„Ќе ја завршиме изградбата [на опсерваторијата] следната пролет“, истакна Јешилјапарак, додавајќи дека останале само одредени мали инсталации.

Опсерваторијата ќе има многу деликатно огледало, кое е тешко да се пренесе, така што патиштата до опсерваторијата треба да бидат што е можно порамни.

Јешилапрак истакна дека фабричките тестирања се спроведени во Италија каде е и направено огледалото, кое подоцна ќе биде пренесено во Турција.

„Се надеваме дека ќе ја примиме првата светлина од вселената кон крајот на 2021 година преку оптичките тестови“, додаде тој.

„Опсерваторијата ќе даде значаен придонес во научниот свет“, истакна Јешилјапрак, и рече дека со оглед на нејзината надморска височина и техничките карактеристики, опсерваторијата е една од најпристапните, со технолошки напредни телескопи, во рамките на својата класа.

„Во регионот нема ниту еден телескоп со огледало од овој размер, така што, тоа пополнува и огромен јаз во однос на опсервацијата.“

„Сите други големи опсерватории се на оддалеченост од околу 8 до 12 часа. Затоа Источно-анадолската опсерваторија ќе отвори нова ера на инфрацрвените опсервации во Турција“, додаде тој.

По завршувањето, опсерваторијата ќе биде втор по големина центар за набљудување на вселената во Европа, и прв што ќе врши инфрацрвена опсервација во Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.