Irmak Akcan
22 Март 2024•Ажурирај: 24 Март 2024
АНКАРА (АА) - Истражувачите од Универзитетот во Цирих пронајдоа фосилизиран череп стар 16 милиони години на џиновски вид делфини во реката Амазон во Перу, пренесува Анадолу.
Според веста на „Гардијан“, утврдено е дека најблискиот роднина на изумрениот вид делфини живеел на оддалеченост од 10.000 километри во Југоисточна Азија.
Алдо Бенитес-Паломино, раководител на истражувањето, рече дека фосилот му припаѓа на семејството платанистоидеа што живеело во периодот од пред 24 милиони до 16 милиони години, вид долг до 3,5 метри.
Истакнувајќи дека го открил видот делфин наречен пебаниста јакуруна во 2018 година, Бенитес-Паломино рече дека неговата работа била запрена поради епидемијата на КОВИД-19.
Тој рече дека се верува оти овој вид речен делфин ги напуштил океаните за пронаоѓање нови извори на храна во слатководните реки.
Истражувањето е објавено во списанието „Сајанс адвансес“ (Science Advances).