Турција, наука и технологија

Туркије: Над 1,6 милиони натпреварувачи пријавени за технолошки натпревари на ТЕХНОФЕСТ

„Продолжуваме да уриваме рекорди. Оваа година на ТЕХНОФЕСТ 2024 година ќе се натпреваруваат 1.630.000 натпреварувачи за производство на технологии на иднината“

Diyar Güldoğan  | 26.03.2024 - Обновена : 27.03.2024
Туркије: Над 1,6 милиони натпреварувачи пријавени за технолошки натпревари на ТЕХНОФЕСТ

ВАШИНГТОН (АА) - Повеќе од 1,6 милиони натпреварувачи се пријавија за учество на технолошките натпревари на ТЕХНОФЕСТ, турскиот фестивал за аеронаутика и технологија, јавува Анадолу.

„Продолжуваме да уриваме рекорди. Оваа година на ТЕХНОФЕСТ 2024 година ќе се натпреваруваат 1.630.000 натпреварувачи за производство на технологии на иднината“, објави ТЕХНОФЕСТ на социјалната мрежа Х.

Годинава десеттиот ТЕХНОФЕСТ ќе се одржи во јужната турска област Адана.

Цел на фестивалот е да се зголеми интересот на младите за производство и развој на национална технологија и да се поддржат проектите на илјадници млади луѓе што работат на овие полиња.

ТЕХНОФЕСТ, кој беше домаќин на околу 10 милиони посетители од својата прва година, за шест години одржа девет фестивали.

Датумот на одржување на фестивалот ќе биде објавен наредните денови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın