Emel Öz Gözellik
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Американската Администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека од Антарктикот ќе се отсече една многу голема санта лед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците од НАСА соопштија дека наскоро се очекува санта мраз со површина двојно поголема од површината на американскиот град Њујорк, да се отсече од ледениот гребен Брант.
Научниците велат дека ако се споредат сателитските снимки на овој ледник снимени на 30 јануари 1989 година и на 23 јануари 2019 година, се забележува дека пукнатините на ледениот остров се доста напреднати.
Глациологот Џо Мекгрегор истакна дека издржливоста на ледениот гребен е поврзана со тоа каде ќе се спојат пукнатините, и дека глобалното затоплување го забрзува топењето на ледот на Антарктикот.
Едно истражување реализирано на почетокот од оваа година откри дека стапката на топење на ледот на Антарктикот, за период од 16 години, годишно во просек се зголемила за 280 отсто.