наука и технологија

Кина: Откриен нов вид летечка верверица

Истражувачки тимови од Кина и Австралија, во природниот резерват на планината Гаолигонг водеа истражување за две летечки верверици за кои се смета дека се нов вид верверици

Ayşe Doğru  | 03.09.2019 - Обновена : 04.09.2019
Кина: Откриен нов вид летечка верверица

АНКАРА (АА - Во југозападната покраина на Кина, Јунан, откриен е нов вид летечка верверица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Синхуа“, екипи од Кина и Австралија, во природниот резерват на планината Гаолигонг водеа истражување за две летечки верверици за кои се смета дека се нов вид верверица.

Ли Квуан, член на екипата која го водеше ова истражување, истакна дека новиот вид верверица живее во зона меѓу изолираниот регион каде што живеат овие две верверици кои се откриени претходно.

Ли нагласи дека овој нов вид верверица е ставен во поткласата на летечки верверици. „Најверојатно во оваа зона живеат и другите членови на овој нов вид верверица“, рече Ли.

Истакнувајќи дека природниот резерват на планината Гаолигонг ја сочинува шума која расте на ниска надморска височина каде што животните се вознемирени од активностите на луѓето, Ли рече дека треба да се зајакнува еколошката заштита на ретките и загрозени видови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın