наука и технологија

Кина лансираше нов сателит во вселената

Со автохтоно изградената ракета „Лонг марч 3С“, лансиран е сателитот „Тјанлијан I-05“ од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“ во кинеската југозападна провинција Сечуан

Riyaz Khaliq Khaliq  | 07.07.2021 - Обновена : 08.07.2021
Кина лансираше нов сателит во вселената

АНКАРА 

Кина синоќа лансираше нов сателит за пренесување податоци во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Над автохтоно изградената ракета „Лонг марч 3С“, сателитот „Тјанлијан I-05“ беше лансиран во претходно поставена орбита од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“ во кинеската југозападна провинција Сечуан, објави јавниот радиодифузен сервис КГТН (CGTN).

Ова беше 378. летечка мисија од ракетната серија „Лонг марч“.

Сателитот ќе обезбеди пренесување податоци, услуги за мерење и контрола на вселенското летало со екипаж во Кина, вселенски лаборатории и вселенски станици, се вели во извештајот.

Кина започна со проектот за релеен сателитски систем „Тјанлијан I“ во 2003 година, а првиот таков сателит „Тјанлијан I-01“ беше лансиран пет години подоцна во 2008 година.

Подоцна, сателитите „Тјанлијан I-02“, 03 и 04 беа лансирани во 2011, 2012 и 2016 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.