наука и технологија

На Антарктикот откриен нов вид растение

Научниците во шестмесечна експедиција на континентот, откриле темнозелен растителен вид во близина на Индиската станица за истражување на Антарктикот

Sümeyye Dilara Dinçer  | 08.07.2021 - Обновена : 09.07.2021
На Антарктикот откриен нов вид растение

АНКАРА (АА) - Индиски научници соопштија дека откриле нов вид растение на Антарктикот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), научниците во шестмесечна експедиција на континентот, откриле темнозелен растителен вид во близина на Индиската станица за истражување на Антарктикот (Bharati).

Научниците, наведувајќи дека на растенијата им е потребен калиум, сончева светлина и вода за да преживеат изјавија: „Главното прашање е како ова растение живее во овој регион.“

Проф. д-р Феликс Баст и индиските научници, примероците од видовите алги кои ги откриле во текот на пет години ги споредиле со другите растенија.

Во истражувањата забележано е дека растението најмногу растело во областите каде што се размножуваат пингвините.

Истакнувајќи дека растителните видови кои растат во регионот преживеале со изметот од пингвините кој содржел азот, Баст рече дека на крајот од петте години дошле до заклучок дека тоа е нов вид на мов.

Истражувачите на Централниот универзитет во Пенџаб, откриениот вид на мов го нарекоа Bryum Bharatiensis.

Истражувањето е објавено во списанието „Asia-Pacific Biodiversity“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.