Riyaz Khaliq
30 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Кина денес во вселената лансираше два нови сателита за спроведување експерименти во областа на технологијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сателитите лансирани во планираната орбита ќе се користат за технолошки експерименти за набљудување на Земјата“, јави новинската агенција „Синхуа“.
За лансирање на ракетите беше користен носачот на ракети „Long March-11“, а беа лансирани во 4:13 часот (0813 GMT) од Центарот за лансирање сателити „Хичанг“ во кинеската југозападна покраина Сечуан.
Ова беше 332. мисија на серијата ракети „Long March“, се вели во веста.
Најновото лансирање дојде по успешното лансирање и враќање од вселената на пробната верзија на кинеското вселенско летало од новата генерација со екипаж.
Тестираното вселенско летало беше лансирано во орбитата од кинескиот најнапреден носач на ракети „Long March-5B“ на 5 мај, a се врати на 8 мај откако беше во орбитата два дена и 19 часа.