Atila Altuntaş
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската телекомуникациска компанија „Tele2“ соопшти дека за прв пат преминале во 5Г (5G) мрежа отворена за јавноста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на оваа компанија, Андерс Нилсон, преку писмено соопштение нагласи дека во шведскиот главен град Стокхолм, како и во градовите Гетеборг и Малме ги активирале базните станици на 5Г мрежата.
Нилсон рече дека корисниците што имаат телефони од новата генерација, почнувајќи од јуни ќе можат да ја користат услугата 5Г без да плаќаат дополнителни трошоци. „Поголемиот дел од моменталните телефони не се соодветни за 5Г-технологијата“, истакна тој.
Според него, тие се првиот оператор што за првпат во Шведска почнал со користење на 4Г-мрежата, и додаде: „По 10 години, исто така ние станавме први во Шведска кои 5Г-мрежата ја активиравме во согласност со глобалните стандарди, и ја пуштаме во употреба.“
Се предвидува дека 5Г-технологијата достигнува 10 пати поголема брзина на трансфер на податоци во споредба со технологијата од четвртата генерација.