наука и технологија, живот

Истражување: Долгото седење се поврзува со 13 болести

Резултатите од истражувањето на американското Здружение на заболени од рак покажува дека луѓето што седат 6 или повеќе часа дневно, имаат 19 проценти поголем ризик од предвремена смрт

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 08.07.2018 - Обновена : 09.07.2018
Истражување: Долгото седење се поврзува со 13 болести

Ankara

АНКАРА (АА) - Долгото седење, и покрај вежбањето, го зголемува ризикот од смрт како резултат на 13 болести, пренесува Anadolu Agency (AA).

Резултатите од истражувањето на американското Здружение на заболени од рак покажува дека луѓето што седат 6 или повеќе часа дневно, имаат 19 проценти поголем ризик од предвремена смрт, отколку луѓето кои седат помалку од 3 часа.

Долгото седење може да предизвика поголем ризик на смртност од рак, срцеви проблеми, мозочен удар, дијабетес, проблеми со белите дробови и црниот дроб, чиреви, Паркинсонова болест, Алцхајмерова и други болести.

Со истражувањето се опфатени 128.000 жени и мажи. На почетокот на студијата немало лица кои страдале од поголеми хронични заболувања. За време на периодот на следење од 21 година, починале речиси 49.000 лица.

Алпа Пател, која го предводеше истражувањето, изјави дека долгото седење го зголемува ризикот од умирање од рак за 10 отсто, а проблемите поврзани со мускулно-скелетниот систем се повисоки за 60 отсто.

„Колку помалку седите, толку е тоа подобро за вас“, вели Пател, која нагласи дека стоењето 2 минути или активност која не бара голем физички напор, по еден час седење може да придонесе за подобрување на холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „American Journal of Epidemiology“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın