Ahmad Adil
16 Јануари 2025•Ажурирај: 17 Јануари 2025
ЊУ ДЕЛХИ (АА) – По две одложувања Индија успешно изврши спојување на вселенски летала, што ја направи четврта земја во светот што постигнала ваков технолошки подвиг, објави денес нејзината вселенска агенција, јавува Анадолу.
„Спојувањето е извршено со прецизност, водејќи до успешно поврзување“, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања (ИОВИ).
Мисијата „Space Docking Experiment“ (SpaDeX), која започна на 30 декември, има цел да ја развие способноста на Индија за спојување во орбитата, што е клучна технологија за идните вселенски мисии.
Двете мали летала беа лансирани со ракетата „Поларно сателитско лансирно летало“ (PSLV-C60) од центарот „Сатиш Даван“ во Јужна Индија.
ИОВИ соопшти дека главна цел на мисијата е „да се развие и демонстрира технологијата потребна за приближување, спојување и одвојување на две мали летала во ниска кружна орбита на Земјата“.
Честитајќи им на научниците и на вселенската заедница, премиерот на Индија, Нарендра Моди, на платформата X напиша: „Ова е значаен чекор за амбициозните вселенски мисии на Индија во наредните години.“