Muhammed Yasin Güngör
23 Јануари 2025•Ажурирај: 29 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Интерни документи што протекоа откриваат дека Мајкрософт се појавил како главен снабдувач на услуги во ‘облакот’ и вештачката интелигенција (ВИ) за израелската војска, со поддршка која драстично се зголемила од почетокот на офанзивата на Израел во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.
Според документите до кои дојде „Drop Site News“, Израел се појавил како еден од водечките глобални партнери на Мајкрософт, со инженерска поддршка и трошоци за консултации во вкупна вредност од околу десет милиони долари од почетокот на геноцидната војна во Газа.
Мајкрософт сè уште јавно не го потврди ниту го негираше извештајот, а не одговори ниту на прашањето на новинарот на АА на оваа тема.
Со дополнителни проекти за поддршка во вредност од 30 милиони долари кои се разгледани во 2024 година, вкупната вредност на договорот на Израел со Мајкрософт сè уште не е утврдена.
Користењето на услугите на Мајкрософт од страна на израелската војска бележи невиден раст, со користење на складирање податоци во ‘облакот’, според документите објавени од „Drop Site News“.
Користењето на услугите на Мајкрософт од страна на израелската војска бележи невиден раст, при што користењето складирање во ‘облакот’ надмина раст од 155 % од јуни 2023 година до април 2024 година, достигнувајќи го својот врв непосредно пред израелската офанзива на Рафа во мај 2024 година.
Најкористените услуги на Мајкрософт вклучуваат алатки за преведување и Azure OpenAI, кои сочинуваат близу 75 % од вкупната воена употреба.
Посебно загрижувачки се извештаите за технологиите фокусирани на вештачка интелигенција како Лаванда, која ги анализира личните податоци на приближно 2,3 милиони жители на Појасот Газа за да открие потенцијални врски со Хамас.
Според веста што ја објави медиумската куќа „+972“ со седиште во Тел Авив, системот првично за „осомничени“ етикетирал околу 37.000 Палестинци во Газа.
Војната во Газа го предизвика она што може да се опише како „златна треска“ меѓу технолошките компании кои бараат воени договори, при што Мајкрософт понудил значителни попусти за да обезбеди одбранбено партнерство со Израел.
Документите го нагласуваат поширокиот тренд на технолошки компании кои поддржуваат воени операции, повторувајќи слични податоци за помошта на Гугл за израелските одбранбени сили на полето на вештачката интелигенција.
Вкупната вредност на договорот на Мајкрософт со израелското Министерство за одбрана не е откриена, но документите сугерираат дека тој многу повеќе ги надминува пријавените трошоци за поддршка.