Emel Öz Gözellik
01 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Во Полска е откриен фосил на морски рептил стар 150 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Палеонтолозите открија дека морскиот рептил, чии фосили се пронајдени на една нива со пченка во селото Крзизановице, кое се наоѓа во близина на Светокришките Планини, е од видот „pleziyozor“.
Се вели дека „pleziyozor“, кој живеел во мезозоикот, бил со должина од 9 метри и тежок илјадници тони.
Палеонтологот Даниел Тиборовски, член на екипата на истражувачи, истакна дека овој морски рептил, за кој се претпоставува дека живеел пред 150 милиони години, имал голем череп и заби слични на ајкула.
Tиборовски рече дека овој фосил е прв фосил од овој вид откриен во Полска.
Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Proceedings of the Geologists Association“.