Adem Şalvarcıoğlu
16 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Како резултат на едно истражување во Индија откриени се три нови видови пеперутки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Times of India“, откриени се три видови на пеперутки како резултат на истражувањата извршени во шумската зона во Нилгири, во индиската сојузна држава Тамил Наду.
Во шестмесечното истражување извршено од страна на Здружението „Wynter-Blyth“ (WBA) и Регионалната шумарска дирекција, испитувани се 198 видови пеперутки, од кои три се новооткриени.
Истражувачите вршат испитување и на 18 други пеперутки, за кои се вели дека е можно да бидат некој нов вид пеперутка.
Новооткриените пеперутки се бледозелената пеперутка, индиски морнар и повеќеопашестата сина пеперутка.
Во текот на истражувањата е откриено дека најголемите и најмалите пеперутки во Индија се наоѓаат во подрачјето на Нилгири.
Се вели дека за прв пат по 130 години во подрачјето се откриени нови видови пеперутки.