Muhammet Nusret Altun
06 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНКАРА (АА) - Астронаутите кои НАСА планира да ги испрати на Марс во наредните години, можно е да претрпат здравствени нарушувања за време на патувањата, како губење на меморијата и анксиозност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на британскиот весник „Дејли мирор“ (Daily Mirror), истражувачите од Универзитетот „Калифорнија“ во САД, извршија тестирања околу тоа кои ќе бидат ефектите на редовната радијација од ниско ниво на која ќе бидат изложени патниците за време на патувањата на Марс. Во ова тестирање се користени глувци.
Научниците ги анализираа мозоците и однесувањата на глувците кои околу шест месеци биле изложени на радијација. Тие открија дека радијацијата предизвикала нарушување во деловите на мозокот за меморија.
Исто така, научниците открија дека редовната радијација предизвикува нарушување и кај делот на мозокот наречен амигдала, кој има значајна улога во формирање на емотивната меморија и емотивните реакции во мозокот.
Научниците велат дека оваа студија фрла светлина врз можни ментални нарушувања на кои можат да бидат изложени астронаутите кои ќе реализираат долги патувања на вселената.
Инаку, турскиот научник вработен во НАСА, д-р Умут Јилдиз, претходно истакна дека леталото се планира да биде испратено на Марс по 2021 година, и дека патувањето ќе трае најмалку шест месеци.