наука и технологија

„Турксел“ го сруши светскиот рекорд на брзина на 5Г-мрежата

„Турксел“ (Turkcell) го сруши светскиот рекорд, достигнувајќи брзина од 2.283 GBps во партнерство со „Ериксон телекомуникации“

Gökhan Ergöçün  | 06.08.2019 - Обновена : 07.08.2019
„Турксел“ го сруши светскиот рекорд на брзина на 5Г-мрежата

ИСТАНБУЛ (АА) - Водечкиот турски мобилен оператор објави дека постигнал најголема брзина на мобилниот интернет преку паметен телефон во светот преку 5Г-мрежата, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Турксел“ (Turkcell) го сруши светскиот рекорд, достигнувајќи брзина од 2.283 GBps во партнерство со „Ериксон телекомуникации“ (Ericsson telecommunications), се вели во денешното соопштение на Турксел.

Тестот за брзина беше спроведен на паметен телефон со 5Г-мрежа со алоцирачка фреквенција од 3.5 GHz со 1,000 MHz сигнал.

„Турксел“ работи на 5Г-технологијата веќе неколку години, во соработка со гигантите како „Хуавеи“ (Huawei), „Самсунг“ (Samsung) и „Ериксон“ (Ericsson).

Брзината од 2.283 Gbps овозможува спуштање на филм од два и пол часа за само 7 секунди, и албум со 12 песни за 0,2 секунди.

Турција од 2016 година користи 4,5 Г-технологија, позната и како LTE, која е десетпати побрза од 3Г-технологијата.

5Г-мрежата нуди поголема брзина и постабилна конекција од паметните телефони и другите уреди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın