наука и технологија

„Гугл“ во производството ќе користи рециклирани материјали

Почнувајќи од 2022 година, сите производи кои ќе бидат произведени од „Гугл“ ќе содржат рециклирани материјали

Tolga Yanık  | 06.08.2019 - Обновена : 07.08.2019
„Гугл“ во производството ќе користи рециклирани материјали

ИСТАНБУЛ (АА) - Компанијата „Гугл“ (Google) соопшти дека во производството ќе користи рециклирани материјали, со цел намалување на загадувањето на животната средина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на американското бизнис-списание „Fast Company“, почнувајќи од 2022 година, сите производи кои ќе бидат произведени од „Гугл“ ќе содржат рециклирани материјали.

„Гугл“ во производот наречен Chromecast, како и во процесот на производство на Google Home, почна да користи рециклирана пластика.

Меѓу производите кои ги произведува „Гугл“ се наоѓаат телефоните Pixel, Pixelbook, Google Home, Google Nest, Chromecast, како и додатоци за телефони.

Покрај процесот на производство, со цел заштита на животната средина, „Гугл“ процесот на испорака на производите ќе го претвори во јаглерод-неутрален, а во оваа насока ќе соработува со карго компании.

Оваа компанија, исто така има за цел да ги рециклира уредите кои не ги користат нивните сопственици во САД, и повторно да ги користи во процесот на производство без да ѝ наштети на животната средина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın