наука и технологија

Антарктикот стана „лабораторија“ за турските научници

Турските научници го проучуваат екосистемот на Антарктикот во рамките на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот

Dilara Zengin  | 13.02.2019 - Обновена : 14.02.2019
Антарктикот стана „лабораторија“ за турските научници Elif Özge Kızıl/AA

Antarktik

АНТАРКТИК (АА) - ДИЛАРА ЗЕНГИН -

Турските научници од различни области - меѓу кои биологијата, морските науки, поларниот биодиверзитет и екологијата, спроведуваат обемни истражувања на Антарктикот.

Во контекст на тековните истражувачки проекти на најстудениот континент на светот, научниците собраа бројни примероци од локалната флора и фауна.

„Овие примероци на крајот ќе бидат однесени во Турција за анализа“, изјави Ерсан Башар од Техничкиот универзитет „Карадениз“ во Трабзон, за Anadolu Agency (АА).

„Секое откритие што ќе произлезе од овие примероци ќе придонесе за нашите тековни научни истражувања“, рече тој.

Во 2015 година, Техничкиот универзитет од Истанбул (ITU) го формира Центарот за поларни истражувања, со цел да се спроведат истражувања и да се подигне научниот профил на Турција.

Турските научници го проучуваат екосистемот на Антарктикот во рамките на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, која е поддржана од турското Претседателство, Министерството за индустрија и технологија, Центарот за поларни истражувања и осум други турски универзитети.

Тимот новинари на АА медиумски ги покриваат активностите на турскиот тим научници на Антарктикот.

Поаѓајќи од антарктичкиот остров Крал Џорџ, минувајќи низ теснецот Жерлаш и каналот Лемер, турскиот тим пристигна на островот Хорсшу, каде што го поставија истражувачкиот камп.

Истражувачките проекти на осум турски универзитети во кампот се во тек.

Во април 2016 година, првиот турски тим истражувачи - меѓу кои лекари, ботаничари, геолози и океанографи - отпатуваа за Антарктикот за да го проучуваат влијанието на климатските промени.

Најстудениот континент на земјата, Антарктикот, служи како научно-истражувачка зона од потпишувањето на Договорот од 1959 година.

Турција моментно има статус на набљудувач меѓу потписничките на договорот, но се надева дека наскоро земјата ќе добие советодавен статус.

Учесниците во проектот мора да се соочат со најострите временски услови на планетата.

Најниската температура регистрирана на Антарктикот изнесувала - 89 Целзиусови степени, и била забележана во 1983 година. Во текот на летните месеци, температурите на континентот можат да достигнат до -15 степени Целзиусови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.