наука и технологија

Австралиски научници успешно создадоа целосно функционална човечка кожа во лабораторија

Истражувачкиот тим од Институтот „Фрејзер“ на Квинсленд користел матични клетки за да создаде реплика на човечка кожа, која содржи крвни садови, капилари, фоликули на влакна, слоеви ткиво, нерви и имунолошки клетки

Amir Latif Arain  | 21.08.2025 - Обновена : 21.08.2025
Австралиски научници успешно создадоа целосно функционална човечка кожа во лабораторија

АНКАРА (АА) – Истражувачи од Универзитетот во Квинсленд во Австралија успешно создадоа целосно функционална човечка кожа во лабораториски услови, соопшти Универзитетот денес, јавува Анадолу.

Истражувачкиот тим од Институтот „Фрејзер“ на Квинсленд користел матични клетки за да создаде реплика на човечка кожа, која содржи крвни садови, капилари, фоликули на влакна, слоеви ткиво, нерви и имунолошки клетки.

Ова е единствениот модел на кожа во светот со сопствен систем за крвоснабдување.

Главниот истражувач, Абас Шафие, изјави дека овој модел, кој бил развиван шест години, ќе биде пресвртница во трансплантацијата на кожа, заздравувањето на рани и проучувањето на кожни заболувања.

Се очекува развојот значително да ги подобри третманите за изгореници, повреди кои бараат трансплантација и воспалителни кожни заболувања.

„Ги зедовме клетките од човечката кожа и ги репрограмиравме во матични клетки, кои може да се претворат во кој било тип клетка во организмот“, рече Шафие.

Коистражувачот Кијараш Хосротехрани додаде дека инженерски создадената кожа би можела да ги подобри графтовите, како и да ги унапреди терапиите за генетски и воспалителни состојби како што се псоријаза, атопичен дерматитис и склеродерма.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.