Bahattin Gönültaş
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на автомобили „БМВ груп“ („BMW Group“), донесе одлука да развие соработка со „Мајкрософт“ („Microsoft“) за популаризирање на паметните фабрики и тие да се отворат за снабдувачите преку клауд-системи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на овие две компании за време на Саемот за индустриски технологии „Месе“ во Хановер, со Отворената програма за производство (OMS), која ќе се создаде во рамки на оваа соработка, ќе се поддржуваат решенија за паметни фабрики (smart factory solutions).
Оваа соработка има за цел да го забрза развојот на индустрискиот интернет на нештата (IIoT) во иднина, да ја зголеми ефикасноста во производството, решавајќи ги широките индустријални предизвици, како и да се скрати времетраењето во производството.
Скот Гатри, потпретседател на „Мајкрософт клауд“ + „Ол груп“ („Microsoft Cloud“ + „AI Group“), истакна дека со БМВ ги обединуваат силите за трансформација на ефикасноста на дигиталното производство во автомобилскиот сектор.
„Нашата посветеност за градење отворена заедница ќе создаде нови можности за соработка низ целиот синџир на вредности на производството“, рече тој.
Отворената програма за производство ќе биде изградена на платформата „Microsoft Azure IIoT“, која БМВ веќе ја користи, и на овој начин ќе се овозможи учеството на другите засегнати страни како производители и снабдувачи.
БМВ веќе има 3.000 машини, роботи и автономни транспортни системи поврзани со својата сопствена платформа „IIoT“, која е изградена од страна на „Мајкрософт азура“ („Microsoft Azure“).
Привлече внимание тоа што соработката меѓу БМВ и „Мајкрософт“ дојде по чекорот на „Фолксваген“ („Volkswagen“) и „Амазон веб сервисес“ („Amazon Web Services“), кои минатата недела постигнаа договор за соработка, со цел развој на системите за производство и нивните процеси во 122 фабрики на еден германски производител на автомобили.