Göksel Yıldırım
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –
Турскиот хеликоптер „Атак“, кој е најефикасен хеликоптер за напад во својата класа, со своите летови во Бразил освои признанија, пишува Anadolu Agency (AA).
По тестирањето и оценувањето на „Атак“ што го спроведе Бразилската копнено-воздухопловна команда во Турската авијациска и вселенска индустрија (TUSAŞ), беше одлучено хеликоптерот да биде претставен во Бразил.
Како резултат на координацијата со Бразилската копнено-воздухопловна команда, во периодот помеѓу 25-28 март во Рио де Жанеиро, пред 12-от Саем за одбрана и безбедност на „LAAD“, беше направено неопходното планирање за „T129 Атак“ да настапи на бразилското роуд-шоу.

На тој начин, на 26 март во Воздухопловната команда на Форте Рикардо Кирк во Сао Паоло и на 28 март во Воениот пожарникарски центар на Оперативната воздухопловна дивизија во Бразилија без изведени два одделни лета. Хеликоптерот „Атак“ истиот ден навечер се приземјил во предворието на Амбасадата на Турција во градот Бразилија.
Во рамките на приемот по повод роуд-шоуто, хеликоптерот „Атак“ изведе статично шоу. На активноста присуствуваа претставници на странски мисии и високи бразилски воени и цивилни функционери.
Исто така, хеликоптерот „Атак“ и компанијата ТУСАШ (TUSAŞ) беа презентирани пред поканетите амбасадори и сите воени аташеи.
Во рамките на роуд-шоуто кое започна во Таубате на 25 март, со хеликоптерот „Атак“ летаа 11 пилота, кои имаа 22 лета или околу 18 часа, а прелетаа 1.360 милји.
Летајќи околу статуата на Исус, еден од симболите на градот Рио де Жанеиро, турскиот хеликоптер „Атак“ со својот перформанс освои признание и кај пилотите и кај публиката.