Betül Yürük
14 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
ЊУЈОРК
Компаниите „Мајкрософт“ и „Американ ерлајнс“ дадоа инвестициска поддршка на британска компанија која развива електрични летечки автомобили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американ ерлајнс“ соопшти дека нарачала 250 летечки автомобили во вредност од една милијарда долари, дизајнирани да летаат над градовите, од „стартап“ компанијата „Вертикал аероспејс“ (Vertical Aerospace) со седиште во Велика Британија.
Компанијата „Вертикал аероспејс“ соопшти дека добила 1.000 преднарачки за своите авиони со вертикално полетување „VA-X4“, со нула емисија на штетни гасови, од 4 милијарди американски долари од компании како што се „Американ ерлајнс“, „Вeрџин Атлантик“, „Мајкрософт“ и „Авалон“.
Компанијата исто така истакна дека ќе се спои со компанија трговски посредник за специјални намени и дека ќе започне со трговија на берзата во Њујорк.
Според компанијата, летечкиот автомобил, наречен „VA-X4“, ќе лета со над 320 километри на час и скоро нема да се слуша бучава за време на летот.
Прототипот на возилото, што има домет повеќе од 160 километри, во моментов е во производство и првиот пробен лет е закажан за оваа година.