Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Производителот на ракети и вселенски летала „SpaceX“ со ракетата „Falcon 9“ го лансираше телекомуникацискиот сателит „SES-12“, јавува Anadolu Agency (AA).
Сателитот „SES-12“ со тежина од 5,4 тони беше лансиран од базата на воздухопловните сили „Кејп Канаверал“ со ракетата „Falcon 9“ (Фалкон 9),
Се вели дека овој сателит, кој е произведен од страна на одбранбената и вселенска компанија „Airbus“ (Ербас), е најголемиот и најмоќниот сателит во оваа област.
Според соопштеното, сателитот ќе служи за азиско-пацифичкиот регион, како и за Средниот Исток.
Сателитот има гориво за да остане 22 години во орбитата.