Ekipa
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
ТОКИО (АА) - Купувачите на филијалата на „Тошиба“ (Toshiba) за мемориски картици ветуваат дека ќе инвестираат во развој на технологијата и капацитетот за производство со цел да останат конкурентни на пазарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Продажбата од 18 милијарди долари на група фирми кои ги предводеше „Bain Capital Private Equity“ беше заклучена на 1 јуни, откако беше одобрена од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Јуџи Сугимото од „Bain Capital“, денес за новинарите изјави дека е можно компанијата да го промени своето име, со цел да го подобри имиџот на брендот. Сугимото истакна дека имаат за цел да ги стават акциите на јавна понуда на берзата во рок од неколку години.
Јапонските инвеститори контролаат 50,1 отстотен удел во сопственоста над филијалата за мемориски картички на „Тошиба“, а исто така инвеститорите ги вклучуваат „SK Hynix“ од Јужна Кореја и американските компании како „Apple“ (Епл) и „Dell“ (Дел).
Инвеститорите стравуваат дека технологијата на флеш-меморија развиена од „Тошиба“ би можела да биде изгубена на странскиот пазар поради сè поголемата конкуренција. „Samsung Electronics Co.“ од Јужна Кореја е главен конкурент на полето на мемориските уреди, кои се клучни за паметните телефони и интернетот.
„За да се обезбеди раст во следните две години, филијалата за мемориски картички на „Тошиба“ планира да вработи 500 луѓе во полето на истражување и развој на мемориската технологија“, изјави претседателот на групата компании, Јасуо Наруке. Наруке, исто така, истакна дека тоа ќе бидат висококвалификувани јапонски инженери.
„Тошиба“, која исто така има филијали и во областа на железницата и нуклеарната енергија, мораше да ја продаде филијалата за мемориски картици откако американската операција во корпорацијата „Westinghouse Electric“ минатата година заврши со банкрот. Масовните загуби на „Тошиба“ во последниве години започнаа со реакторите што ги изградија во САД. Реакторите сè уште се недовршени, дел поради подобрените безбедносни прописи по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.