Ahmet Sait Akçay
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим го прими пакистанскиот колега Наваз Шариф во владината палата Чанкаја во Анакра, а челниците на владите на двете земји денес ќе претседаваат со петото заседание на Советот за стратешка турско-пакистанска соработка, јавува Anadolu Agencu (AA).
Премиерот на Пакистан Шариф допатува синоќа во Анкара, а утринава турскиот премиер му приреди прием во седиштето на турската влада, по кој одржаа и состанок зад затворени врати што траеше еден час.
Јилдирим и Шариф ќе претседаваат со денешното петто заседание на Советот за стратешка соработка меѓу двете земји на највисоко ниво, по кое би требало заедно да се обратат на новинарите.
Челниците на владите и проширените делегации на двете земји на денешната седница ќе разговараат за билатерални прашања, за интензивирање на економската и политичката соработка, но и за регионални теми. По завршувањето на состанокот учесниците би требало да потпишат и заеднички заклучоци од состанокот.
За време на тридневната посета на Анкара, пакистанскиот премиер Шариф ќе се состане и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.