Burcu Arik
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
КОЊА (АА) - Од судски извори се дознава дека Канцеларијата на јавниот обвинител во централната турска област Коња денес издала налози за приведување на најмалку 100 осомничени лица како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата изврши рации на неколку адреси во 31 област во Турција.
Осомничените се товарат за членување во вооружена терористичка организација, за раководење со терористичка организација како и нејзино финансирање.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот обид за државен удар кој се случи во јули минатата година во Турција, во кој загинаа најмалку 248 лица, а околу 2.200 беа повредени.
По неуспешниот обид за државен удар, во судството, полицијата и армијата, како и државните институции ширум земјата се спроведуваат операции со цел апсење на осомничените за поврзаност со ФЕТО.