Adem Şalvarcıoğlu
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ОСАКА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја потресе Јапонија, во кој животот го загубија три лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошката институција на Јапонија соопшти земјотресот со јачина од 6,1 степени го погодил северниот дел на јапонскиот град Осака, на длабочина од 13 километри.
Од Националната агенција за катастрофи соопштија дека според првичните сознанија три лица го загубија животот, додека над 100 лица се повредени.
Во ова подрачје не е даден аларм за цунами поради земјотресот кој предизвика пожар во повеќе згради, оштетувања на патиштата и водоводот.
По земјотресот се одложени авионските и железничките линии.
Се вели дека не е настаната некоја штета во нуклеарните централи „Михама“, „Такахама“ и „Охи“ кои се наоѓаат во близина на Осака.